Елези погоди за Вараждин во поразот од Славен Белупо

110

Македонскиот репрезентативец Агон Елези погоди за екипата на Вараждин на денешното гостување кај Славен Белупо на стартот на 11. коло во хрватскиот шампионат, но неговиот тим остана без бодови.

Славен славеше со 3:2 со гол во самата завршница, иако по првиот дел на средбата Вараждин се врати од негатива од 2:0 до 2:2 и тоа со голот на Елези во 38. минута.

За Вараждин ова беше втор пораз сезонава, а за Елези втор гол, исто колку што има и вториот наш репрезентативец во тимот на Вараждин, Митровски, кој денеска ги одигра сите 90 минути.

ПретходноВардар лесно до „пет од пет“
СледноАстон Вила си го сочува „бисерот“