Вардар во недела е домаќин на Шкендија во рамките на 10. коло во ПМФЛ. Овој дерби дуел се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Иако тетовскиот тим е лидер на табелата, а додека „црвено-црните“ се борат за опстанок, сепак Матеус Лемос најави голема битка на теренот. Фудбалерот кој дојде ова лето побара поддршка од фановите.
„Нема изговори – сите на стадион!“ е пораката на Матеус Лемос до навивачите, пред натпреварот во недела против екипата на Шкендија.