Македонија до 19 на квалификациски турнир во Полска

463

Младата репрезентација на Македонија до 19 години на 8 октомври (недела), ќе отпатува за Полска, каде што ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза.

Селекцијата предводена од Тони Јакимовски се наоѓа во групата 5 и за противници ги доби Германија, Казахстан и домаќинот Полска.

Квалификацискиот турнир го отвараме против домаќинот Полска. Овој натпревар е закажан на 11 октомври, со почеток во 16. часот.

Во второто квалификациско коло, кое е на програмата на 14. октомври во 15:30. играме против моќната репрезентација на Германија.

Во последното коло ќе се соочиме со селекцијата на Казахстан, на 17. октомври во 15:30.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Тони Јакимовски за квалификацискиот турнир во Послка се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.)

Љупче Џеков (А.П. Брера)

Никола Филевски (Вардар)

ОДБРАНА:

Андреј Аризанкоски (А.П. Брера)

Абиола Бамијоко (Хелсинки, Финска)

Анес Мељиќи (Шкендија)

Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска)

Марко Стојилевски (А.П. Брера)

Џорџе Џеков (А.П. Брера)

СРЕДЕН РЕД: 

Лорик Мухтари (Еишеде, Германија)

Теодор Николовски (Осогово)

Дестан Адили (Работнички)

Фета Фетаи (Локомотива Загреб, Хрватска)

Мартин Ѓорѓиевски (А.П. Брера)

Лорик Каба Јакупи (Шкендија)

Мухамед Елмас (Гостивар)

Димитар Данев (Работнички)

Амир Нухија (Шкендија)

Адриан Зенделовски (Малме, Шведска)

НАПАД: 

Никола Величковски (Македонија Ѓ.П.)

Зани Назифи (Беса)

ПретходноФудбалерките до 17 години убедливо ја победиja и Ерменија
СледноПочина сопругата на легендарниот Сер Алекс Фергусон