Откриен е најголемиот виновник за новиот срам на Динамо Загреб

1142
📸 Marko Lukunić/Pixsell
📸 Marko Lukunić/Pixsell

Динамо Загреб се посрамоти, во рамките на второто коло во Конференциската лига беше поразен со 2-0 од косовски Балкани. Овој резултат доаѓа по слабото издание против Хајдук, па веќе на големо се зборува за смена на Сергеј Јакировиќ, кој по новиот пораз на прес-конференцијата се извинуваше на сите.

„Не знам дали за мене ова е последен натпревар. Кога ќе преспијам ќе донесам одлука, сметам дека сум одговорен и за ова. Најлошо е кога мислиш дека некој ти прави сопка, но кога ќе излезеш на терен мораш да се запрашаш што се случува. Ова е најтешкиот пораз за мене, ова е срамота“, рече тренерот на Динамо Загреб.

Сепак „Спортске новости“ излезе со текст дека сметката за овој неуспех ќе ја плати некогашниот хрватски репрезентативец, Дарио Шимиќ, кој е задолжен за најважните работи на „Максимир“. Тој е член на управата на клубот и посочен како човек кој нема направено ништо кога станува збор за носење на вистински фудбалери.

Денеска треба да има состанок на Извршниот одбор на Динамо нема да биде чудо доколку дојде до смена на Шимиќ.

Што се однесува до Јакировиќ тој неофицијално има поддршка од управата на клубот, од него зависи дали ќе остане или пак ќе си оди.

ФОТО:Marko Lukunić/Pixsell

ПретходноВлезот за мечот меѓу Македонија и Азербејџан е слободен!
СледноПрвата турнирска фаза во „ ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ заврши, следува СРЕЌНО ТРКАЛО