Сити подготвува нов договор за Халанд кој вклучува заработка од 400.000 фунти неделно

171

Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на Ерлинг Халанд. Според „Дејли Мејл“, клубот е веќе подготвен, сака да го задржи норвешкиот репрезентативец до 2028 година со зголемување на платата до 400.000 фунти неделно и значителни бонуси.

Актуелниот договор Халанд со „граѓаните“ е до 2027 година. Тој во редовите на Манчестер Сити дојде во 2022 година од Борусија Дортмунд, оттогаш напаѓачот има 42 настапи и 44 гола во Премиер-лигата.

Преговорите меѓу двете страни се очекува да започнат многу наскоро.

Халанд е поранешен фудбалер на Брин, Молде, РБ Салцбург и Борусија (Д). Во 2019 година дебитираше за норвешката репрезентација и досега на 26 натпревари постигна 25 гола.

ПретходноСрбите во шок: Грците со порака – Косово е Албанија
СледноМеси е слободен до февруари, има ли некој да го земе?