Фудбалерите поминаа со условна казна, за таков скандал во Франција се оди во затвор!

300

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Франција им изрече условна казна од еден меч суспензија на четворицата фудбалери на ПСЖ, кои скандираа навредливи зборови на сметка на играч на Олимпик.

Рандал Коло Муани, Oсман Дембеле, Ашраф Хакими и Лeвин Курзава се суспендирани на еден натпревар поради хомофобични скандирања.

ПСЖ е казнет и со затворање на трибината каде се наоѓаат најжестоките навивачи на клубот. Оваа казна се однесува за два натпревари, од кои едниот е условен.

Поради слични инциденти, француските клубови добиваа парични казни или пак со затварање на трибините. Инаку францускиот закон е многу ригорозен кога станува збор за навреди на хомосексуалци во јавноста, истиот предвидува казна до година дена затвор и 45.000 евра.

ПретходноРакометарите ќе одиграат четири меча со Грција
СледноСаудиска Арабија ќе дозволи девет странци веќе во следниот преоден рок