Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години славеше убедлива победа против Ерменија со 4:0 на турнирот во Косово. Нашиот тим поведе во 18. минута со гол на Гроздановска, а со 2:0 поведе со автоголот на Сахакјан. На 3:0 зголеми Попески, а конечниот резултат го постави Марковска.
Идното коло Македонија која има две победи од два меча, ќе игра со Косово за првото место и пласман во А групата од квалификациите за ЕП.