Борусија (М) поведе, па потоа се бореше за реми (ВИДЕО)

78

Фудбалерите на Борусија (М) и Мајнц одиграа нерешено 2:2 во првиот меч од седмото коло на германската Бундеслига.

Фаворизираниот домашен тим не успеа да забележи триумф, иако поведе во 22. минута. Радоста на домашните траеше само две минути, бидејќи 19-годишен Брајан Груда постигна фантастичен гол од преку 20 метри.

Второто полувреме тотален пресврт. Во 75. минута Ајмен Баркок погоди за 1:2 за Мајнц, па домашните се спасуваа од пораз со голот на Америкенецот Скали во 88. минута.

ПретходноДве драми со продолженија: Победи за Фенер и Олимпијакос
СледноКрстовиќ со нов гол му донесе реми на Лече