Легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој се пензионираше на крајот од минатата сезона, ја сумираше својата фудбалска кариера. Заклучи дека тој е најсовршениот фудбалер од сите.
„Ако како параметар се земе вештината, без трофеи и награди, мислам дека сум најдобар. Не се шегувам. Јас сум најсовршениот фудбалер што некогаш постоел.
Знам дека ја немам освоено Златната топка, ниту Лигата на шампионите. Ако тие работи се важни, тогаш веројатно не сум на оваа листа. Имав среќа да освојам 34 трофеи, неколку индивидуални награди, бидејќи тие произлегуваат од тимски достигнувања.
Но, ако зборуваме чисто за индивидуални вештини, тогаш 100% без шегување, јас сум најдобар“, изјави екс-играчот на Милан, Барселона, ПСЖ и уште неколку клубови во интервју со Пирс Морган.