Крстовиќ со нов гол му донесе реми на Лече

88

Фудбалерите на Лече и Сасуоло ремизираа 1:1 во натпреварот од осмото коло на италијанската Серија А. Гостите поведоа во 22 минута со голот на Берарди од пенал, а Лече успеа да се врати за бод со голот на Крстовиќ на самиот почеток на второто полувреме.

Крстовиќ го продолжи одличниот настап во Лече, каде своевремено блесна неговиот сонародник Мирко Вучиниќ. Црногорецот од почетокот на сезоната има четири гола во дресот на момците од „Виа дел Маре“.

ПретходноБорусија (М) поведе, па потоа се бореше за реми (ВИДЕО)
СледноТрајковски e најдобро рангиран атлетичар во Македонија за 2023 година