Нагелсман го врати Хумелс во репрезентацијата на Германија

112

Новиот селектор на репрезентацијата на Германија, Џулиан Нагелсман, на изненадување на многумина во списокот за двата претстојни мечеви на „Панцирите“ против САД на 14 односно Мексимо на 18 октомври го вклучи и ветеранот, Матс Хумелс. Сега играчот на Борусија Дортмунд има 34 години. Последен пат пред две години беше дел од националниот тим но ете проблемите кои се појавија во последно време наметнаа и таква одлука. Тој како авторитет да се враќа во репрезентацијата.

Кам бек во националниот тим прават,  Леон Горецка (Баерн), Давид Раум (РБ Лајпциг) и Бернд Лено (Фулам) додека дебитанти се Роберт Андрих (Леверкузен), Кевин Биренс (Унија) и Крис Фирих (Штутгарт).

ПретходноПогба позитивен на тестостерон, Јувентус ќе одлучува што да прави со неговиот договор
СледноТен Хаг има простор да се поправи до „Boxing day“