Сопругата на легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, Кети Фергусон. Таа починала денеска на 85 години. Тажната вест го погоди и поранешниот клуб на Фергусон кој испрати сочуство.
„Сите во Манчестер Јунајтед испраќаат искрено сочуство на Сер Алекс Фергусон и неговата фамилија поради смртта на лејди Кети. Таа беше сакана жена, мајка, сестра, баба и прабаба и голема потпора за сер Алекс во текот на неговата кариера“, напишаа од Манчестер Јунајтед.
Фергусон истакна дека Кети имала големо влијание на него и кариерата. Таа несвесно му помогнала на Манчестер Јунајтед. Легендарниот Ферги во еден момент бирал меѓу Манчестер и Тотенхем, а неговата сопруга не сакала да се пресели во Лондон.
Сер Алекс во 2013 година замина во пензија за да се посвети повеќе на својата сопруга и фамилијата, но исто така откри дека тоа можело да се случи и порано.
„Размислував за тоа, а тогаш дојде таа и ми рече да продолжам. Под еден, здрав си, под два, не можам да те трпам да ми се врткаш постојано дома, плус премногу си млад за пензија“, со насмевка раскажуваше Фергусон за таа сцена.