Нов скандал во Европската лига, овој пат доаѓа од дуелот меѓу АЕК и Ајакс, кој се одигра во Атина. Навивачите на грчкиот тим извадија голем транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“.
Иако грчките навивачи се во добри односи со српските, сепак на трибините се појави пораката која сигурно ќе ги смени односите меѓу фановите. Засега не е позната причината за овој потег, но спрските медиуми испратија порака.
„Предавство! Грчките навивачи им забија нож на Србите! Браќа, не го очекувавме ова од вас“, пишува во дел од насловот на Курир.
🇬🇷 AEK fans 🤔 pic.twitter.com/ANkYzNHOZm
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) October 5, 2023
ФОТО: TWITTER/KOS_DATA/PRINTSCREEN