Анчелоти: Точно, Модриќ не е среќен поради минутажата, но никаде нема да оди!

137

Шпанските медиуми на почетокот на сезоната постојано пишуваат дека Лука Модриќ не е задоволен во Реал Мадрид и дека очекувал поголема минутажа. Хрватскиот репрезентативец не игра многу, а се шпекулира дека во јануари би можел да се пресели во МЛС-лигата или пак С.Арабија, постои и можност за Динамо Загреб.

На оваа тема одлучи да зборува и Карло Анчелоти, предводникот на шпанскиот гигант.

„Модриќ да си оди? Нема шанси. Тој не сака да си оди и среќни сме поради тоа. Да, не е среќен поради минутажата, но секој ден зборувам со него, мотивот постои“, рече Анчелоти и потоа додаде:

„Никој во соблекувалната го нема неговиот статус. Тој е лидер и за Реал е непроценливо богатство“.

Реал денеска 16:15 часот ја пречекува Осасусан во рамките на деветото коло во Ла Лига.

ПретходноПМФЛ: Штипјани против Работнички сакаат прекинување на непријатната серија, Тиквеш на мегдан со Шкупи, “лавовите“ на гости кај Воска…
СледноЧаир 2030 доби опомена од КФСМ за македонското знаме