На Мурињо му се заканува отказ, има уште една шанса

247

Жозе Мурињо наскоро би можел да добие отказ во Рома. Неофицијално, мечот против Каљари во недела може да биде негов последн на клупата на италијанскиот великан во случај да не дојде до победа на тоа гостување.

Во овој момент, Рома се наоѓа на 13 место со осум бодови од само седум меча.

Според пишувањата на тамошните медиуми, работата на португалскиот стратег е загрозена и само триумф може да го остави на клупата. Раководството на клубот веќе размислува и за неговата замена, а тоа би бил поранешниот селектор на Германија, Ханс Флик.

Пред скоро време Мурињо најави дека ќе остане на клупата на Роман, тој одби богата понуда од С.Арабија.

„Три месеци подоцна изгледа како да сум проблем. Не ги читам весниците, не гледам телевизија, но пријателите ми кажуваат што се зборува. Јас не сум проблем. Постојат многу фактори, не можете да кажете дека една особа е одговорна ниту за победа. Дадов збор дека ќе останам до јуни 2024 година. Тука сум, секоја ден се бпрам со играчите, раководството и навивачите. Не се плашам да излезам на терен и дека ќе бидам мета на протести“, кажа Мурињо.

ПретходноАлександар Ристевски (Брера Струмица): Мора да се оди на победа против Гостивар!
СледноТони Кукоч заврши во болница