Денеска од 14 часот на програмата се четири меча од 10.коло во ПМФЛ. Утре играат Вардар – Шкендија и Струга ТЛ – Силекс.
Брегалница го дочекува Работнички, Брегалница посакува прекинување на непријатната серија која трае еве веќе месец и половина. Имено на последните четири средби тимот на Горан Здравков нема победа.
Пред денешниот дуел со квалитетнот состав на Работнички, токму Здравков има свој коментар:
“Работнички има искусен тим со квалитетни поединци. Меѓу нив се истакнува Влатко Стојановски. Ние сме должни да го израдуваме нашите фанови со добра игра и победа. Немаме никаков притисок, верувам дека публиката ќе биде задоволна од играта и резултатот“, посочи стратегот на Брегалница.
Интересно ќе биде во Кавадарци каде Тиквеш го дочекува Шкупи. Во Охрид домашниот состав на Воска го дочекува тимот на Македонија ЃП, а во Струмица домашната Брера се среќава со Гостивар.
ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Струмица: Брера Струмица – Гостивар
Охрид: Воска – Македонија ЃП
Кавадарци: Тиквеш – Шкупи
Штип: Брегалница – Работнички
НЕДЕЛА, 14 Ч
Скопје: Вардар – Шкендија
Струга: Струга ТЛ – Силекс
ТАБЕЛА
Шкендија 20, Шкупи 18, Силекс 16, Струга ТЛ (-1) 15, Брера 14, Тиквеш 13, Работнички 13, Македонија ЃП 13, Брегалница 10, Воска 7, Гостивар 7, Вардар (-1) 5 бода…