Брилијантно – Тотенхем со старт како од 1960. година кога беше шампион!

110

Тотенхем со 1:0 славеше на гостувањето кај Лутон во 8.коло на Премиер лигата. Па така „спарси“ барем до утре и мечот меѓу Арсенал и Манчестер Сити ќе ги гледа конкурентите од врвот на табелата.

Тотенхем има шест победи од првите осум кола, а тоа е најдобар старт на Тотенхем од сезоната 1960-1961. Заедно со Арсенал и понатаму е непоразен тим во Премиер лигата и има 20 од можни 24 бода.

А во споменатата 1960 година Тотенхем освоија максимални 33 бода од воведните 11 кола, а тоа им беше втора и последна шампионска титула во Англија.

Дали може да го издржи ова темпо и да направи чудо освојувајќи ја титулата ќе покаже времето.

 

ПретходноТони Стојковски е нов фудбалер на Вардар
СледноВознемирувачки снимки – Teшка повреда на капитенот на Шефилд