Горан Здравков: Оваа победа им ја посветуваме на нашите верни фанови!

404

Брегалница попладнево на свој терен со 2:1 успеа да го победи Работнички и да дојде до првиот триумф по нешто повеќе од месец дена. Секако дека голема е радостакај “сините“, а тоа го потврдува и самиот стратег на Брегалница, Горан Здравков.

„Секако дека сме среќни. Победивме силен тим, Работнички е квалитетен состав и затоа нашето задоволство е уште поголемо. Честитки за играчите кои без под голем притисок, но ете, успеаја да одиграат како што се договоривме и на крајот заслужено да славиме. Сакам да кажам дека оваа победа им ја посветуваме нанашите верни фанови кои секогаш ни ја даваа поддршката, и тогаш кога резултатите неа беа како што треба.Убаво е да се има вакви фанови како тие на Брегалница. Секоја чест“ изјави за „СпортСпорт“ стратегот на Брегалница.

ПретходноОсогово и Саса си ги поделија бодовите
СледноМишов „растура“ во Грузија, гол и асистенција против Динамо Тбилиси (ВИДЕО)