ГРК Охрид по скалпот на Тиквеш во дербито на колото

87

Шест натпревари се на денешната програма од петото коло во Супер-лигата. Во центарот на вниманието е пресметката меѓу Тиквеш 2014 и ГРК Охрид (19 часот, МРТ) во дербито на колото во Групата А.

Кавадарчани имаат скор од четири победи во исто толку одиграни натпревари, дали ќе останат во друштвото на Алкалоид и Вардар 1961, одговорот ќе го даде ГРК Охрид. На избраниците на Стевче Алушовски им е потребен триумф во еден ваков меч за да се вклучат во битката за второто место.

Први на теренот ќе истрчаат Пелистер 2 и Аеродром (13 часот), во рамките на групата А колото ќе го комплетираат Скопје 2020 и Куманово (15 часот).

Во групата Б, дебитантот Мулти Есенс е домаќин на Прилеп (17 часот), во истиот термин Голден Арт ќе го пречека Пролет кој има ист скор на Пелистер (три победи и пораз). Актуелниот македонски првак на домашен терен го пречекува Бутел Скопје.

07.10.2023 – САБОТА
13:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК АЕРОДРОМ
15:00 часот РК СКОПЈЕ 2020 – МРК КУМАНОВО
17:00 часот РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ПРИЛЕП
17:00 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК ПРОЛЕТ 62
17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
19:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – ГРК ОХРИД – пренос во живо на МРТ
ПретходноЈувентус бара замена за Погба, гледа кон Лондон
СледноМеси се врати на тренинзи, може да истрча нa терен уште овој викенд?