Златан Ибрахимовиќ зборуваше за бројни теми во интервју за англискиот новинар Пирс Морган. Една од најинтересните беше врската меѓу него и Пеп Гвардиола. Швеѓанецот во Барселона пристигна во 2009 година, но не се вклопи во тимот на Гвардиола, па по една година замина во Милано. Златан објасни како се развивал неговиот однос со Гвардиола.
„Мислам дека Гвардиола е одличен тренер, кога јас бев во Барселона тоа беше поинакво искуство. Човекот е успешен, никогаш не заврши трет, секогаш беше прв или втор. Но, морав да се сретнам и со личноста која стои зад тој тренерски гениј. Јас ги решавам проблемите.
Но, потребни се двајца луѓе за да се реши проблемот. Направив грешка во Барселона затоа што се обидов да се вклопам и не бев вистинскиот. Му реков на Гвардиола да ми каже дали имам голем нос, дали одам чудно, дали нешто го мачи кај мене. Ќе го решиме. Се беше во ред шест месеци. Потоа моравме да разговараме“, изјави Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач истакна дека Гвардиола го избегнувал цело време, не сакал да седнат да разговараат и да го решат проблемот за кого Ибра и ден-денеска не знае за што точно станува збор.
„Му кажав дека не играм добро бидејќи немам простор на теренот и нека најде друг играч да игра така. Тој рече дека ќе го реши тоа и ме остави на клупата за следниот натпревар. Втор натпревар на клупа, трет натпревар на клупа. Тоа ме налути. Тој рече дека играчите не смеат да доаѓаат на тренинг со Ферари, по седум-осум месеци дојдов со Ферари и го паркирав пред неговата канцеларија.
Ме избегнуваше, ништо не ми кажа. Кога доаѓав на заеднички појадок, Гвардиола стануваше и ја напушташе собата. Не сакаше да се соочи со проблеми. Фрлив кон него кутија со опрема по натпреварот Барселона-Интер. Јас не го удрив. Ништо не ми кажа, не се соочи со мене, излезе од собата.
Кога играв за Јунајтед, тој беше во Сити и не ме поздрави. Ме чекаше да излезам на теренот за да не се сретнеме. До денес не знам каков проблем имаше со мене во Барселона“, изјави Ибрахимовиќ во едно интервју.