Легендарниот Аргентинец може да добие 15 години затвор поради силување

358

Поранешниот легендарн аргентински напаѓач Клаудио Каниџа, кој го сочинуваше фантастичниот тандем со Диего Марадона во националниот тим, може да заглави зад решетки и до 15 години, доколку судот го прогласи за виновен за напад и силување на неговата поранешна сопруга Маријана Нанис.

Таа го обвини 56-годишниот фудбалер дека ја силувал во 2018 година во хотел во Буенос Аирес каде и двајцата живееле во тоа време. Нанис и Каниџа, кои имаат три деца, официјално се разведоа во 2019 година, година и пол откако почнаа да живеат одвоено.

Нанис тврди дека Каниџа ја силувал со закани дека ќе ја убие ако го пријави во полиција. Според локалните медиуми, обвинителството приложува сведочења од персоналот на хотелот и фотографии на Нанис.

На Каниџа, кој од самиот почеток тврдеше дека не направил ништо незаконско, поради случајот му беше забрането да ја напушти Аргентина од јуни, а апелациониот суд ги отфрли аргументите на неговите адвокати за отфрлање на обвинението. Во текот на својата кариера Каниџа беше дел од скандали надвор од теренот поврзани со зависноста од наркотици. Се уште се памети неговата легендарна изјава: „Ако кокаинот е дрога, тогаш јас сум зависник“.

ПретходноЈубилеј: Сара Ристовска дојде до 500-тиот гол за ЦСКА Москва!
СледноАеродром слави среде Битола, падна Е.Пелистер 2!