Поранешниот англиски напаѓач и репрезентативец Питер Крауч би можел да ја продолжи кариерата на 42 години. На социјалните мрежи на клубот Бартон Албион кој настапува во англиската Лига 1 се појави фотографија од екс-напаѓачот како држи тимски дрес со неговото презиме.
Крауч ја заврши својата играчка кариера во 2019 година. Играше за Стоук Сити, Ливерпул, Тотенхем, Портсмут, Квинс Парк Ренџерс, Астон Вила, Саутемптон, Норвич Сити и Барнли.
Поранешниот напаѓач дебитираше за репрезентацијата на Англија на 31 мај 2005 година во пријателски натпревар со репрезентацијата на Колумбија.