Невиден кикс на Ставрев: Ова е крајот! Пеналот за Воска е криминал за во затвор!!! (ВИДЕО)

9604

Смешно или трагично. Како сакате. Александар Ставрев веројатно денеска го направи најголемиот кикс во својата судиска кариера. Се играше 74.минута на средбата Воска – Македонија ЃП, кога еден до друг беа Пецов од Македонија ЃП и Георгиев од Воска. Немаше дуел, играчите беа одалечени барем половина метро, но Георгиев падна а Ставрев ги шокираше сите и покажа на пенал.

Марушиќ реализираше за победа од 2:1.

Навистина неверојатно. Не сакаме да бидеме груби кон некогаш нашиот најдобар судија, но тој оваа есен суди катастрифално. Се чини ова е крајот. Овој пенал за Воска досуден од Ставрев е криминал за во затвор што се вели.

Страшно…

ПретходноЏирона и натаму го живее лидерскиот сон, гостински триумф кај Кадиз
СледноОсогово и Саса си ги поделија бодовите