Столе и Рајо во судиското продолжение испуштија победа на „Санчез Писхуан“

92

Рајо Ваљекано за малку ќе направеше изненадување во 9.коло на шпанската Ла Лига. Рајо поведе со 2:0 на гостувањето кај Севиља меѓутоа не успеа да го сочува водството до крај и освои само бод (2:2). Со головите на Валентин во 21.минута и на Гарсија во 26. минута Рајо водеше на полувреме и до 50. минуга кога намали Соу.
Се чинеше дека трите бода ќе завршат на контото на Рајо, меѓутоа Ен Несири во 96. минута со прецизен удар со глава по корнер го изедначи резултатот и спаси бод за Севиља.
Македонскиот голман Столе Димитриевски беше на голот на Рајо.

За Рајо ова е четврто реми по ред, а за Севиља второ реми. Идното коло Рајо ќе му гостува на Лас Палмас, додека Севиља ќе игра дома со Реал Мадрид.

ПретходноМилан со минимална победа во Џенова, Мањан доби црвен картон па на голот застана Жиру (видео)
СледноУсловот за евентуален кам-бек на Меси во Барселона е исполнет