Тиквеш го доби дербито со Охрид и остана перфектен!

256

Дербито на петото коло заврши во корист на Тиквеш, кој славеше со 32-30 против ГРК Охрид. Со петата победа во низа, кавадарчани го задржаа перфектниот скор во Супер-лигата, заедно со Алкалоид го делат првото место во групата А.

Обина имаше осум гола, Стефановиќ постигна шест, додека Гемаљевиќ запиша 11 одбрани. На другата страна Цацар запиша 11 поени.

Домаќинот отвори со 5-2, на другата страна гостите, освен на почетокот (0-1 и 1-2) не успеа да дојде до ново водство. Неколку кратки падови беа доволни за да Тиквеш дојде до водство од 12-8 и 16-12 на одморот.

Во вториот дел, ракометарите на Тиквеш 2014 брзо дојдоа на плус пет (19-14), беше и 23-17. Сепак гостите најдоа начин како да се вратат и да го направат овој натпревар многу поизвесен, со серија од три гола се доближија на 25-23, а минута подоцна намалија на еден гол негатива (26-25).

Избраниците на Стевче Алушовски не успеаја да се снајдат во брканицата на теренот, домаќинот на минута до крајот поведоа со 32-29 и зачекорија кон петата победа во низа.

ПретходноВерстапен трет пат по ред е светски шампион во Формула 1
СледноТони Стојковски е нов фудбалер на Вардар