Тотенхем со играч помалку до триумф кај Лутон

56

На отворањето на новото коло во Премиер лигата, тимот на Тотенхем во терминот денеска од 13 30, го совлада тимот на Лутон на негов терен со минимални 0:1.

Стрелец на единствениот гол на мечот беше интернационалецот од Холандија, Мики Ван Де Вен во 51. минута од мечот.

Претходно гостите во финишот на првиот дел останаа со играч помалку откако по два жолти картони исклучен беше Бисума.

Сега, со овој голем триумф на гости, тимот на Тотенхем е лидер со 20 бода по осум кола, секако и со меч повеќе од останатите. Лутон пак со само четири бода е на 17. место, и го чека сериозна битка за опстанок.

 

ПретходноПолувреме: Кехинде ја шокираше Брера, 1:1 е во Штип, Кавадарци и Охрид! (ВИДЕО)
СледноТФТ добитен против Чаир