Чаир 2030 доби опомена од КФСМ за македонското знаме

3608

По првото коло во Првата лига, дел од екипите кои не ги исполнуваат поставените пропозиции добија само опомени од страна на комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ.

Кожув, Чаир 2030, Вардар, Академија ФМП и Еуро Никел се тимовите кои добија опомена.

Чаир 2030 покрај тоа што мора да ги доведе во ред техничките уреди во салата, ќе мора за следниот натпревар како домаќин да го постави македонското знаме кое за средбата со Феникс било изоставено.

ПретходноАнчелоти: Точно, Модриќ не е среќен поради минутажата, но никаде нема да оди!
СледноАлберт Диене (Шкупи): Респект за Тиквеш, но ние сакаме нова победа!