Челзи го декласираше Барнли, Јунајтед со голови во 90+3. и 90+6.минута успеа да се спаси од нова брука! (ВИДЕО)

158

Во меч од 8.коло во Премиерлигата, Челзи како гостин успеа да слави на гости кај Барнли со 1:4.И овојпат нашиот репрезентативец Дарко Чурлино не беше во составот на Барнли.

Интересно, домашните поведоа со голот на Одоберт во 15.минута, гол кој што ги налути “сините“ па така следуваа головите на Ал Дакил (автогол), Палмер, Стерлинг и Челзи за победа на тимот на Маурицио Покетино.

На “Олд Трафорд“ за малку нова брука на тимот на Ерик Тен Хаг. Брентфорд водеше кај Манчестер Јунајтед се до 90+3.минута, но МекТоминеј  успеа да израмни на 1:1, а потоа истиот играч  во 90+6.постигна гол за победа од 2:1.

Евертон со 3:0 го победи Борнмут на свој терен и тоа со головите на Гарнер, Харисон и Докур.

ПретходноБарди остана без тренер: Трабзонспор му врачи отказ на Бјелица!
СледноКако во најдобрите времиња: Нестор го постигна својот деби гол за Асколи! (ВИДЕО)