Младиот македонски одбојкарски репрезентативец Лука Костиќ брилијатно ја отвори сезоната во својот нов клуб, српска Рибница од Краљево. Во синоќешниот меч од првото коло од новата сезона на српската Прва лига, Костиќ со своите нови соиграчи во Рибница славеа со 3:1 на гостувањето кај екипата на Млади Радник во Пожаревац.
Нашиот репрезентативен примач имаше импресивно деби во новиот клуб реализирајќи 17 поени со што беше втор најдобар поентер за Рибница во премиерната овосезонска победа. Од овие 17 поени Костиќ реализираше еден ас и имаше еден блок-поен, а имаше и највисок процент на успешност на прием во победничкиот тим (56%).
Костиќ во Рибница се пресели ова лето, откако претходно го носеше дресот на Борец од Велес, а во својата интернационална кариера има настапи и во Марек од Бугарија и Будуќност од Црна Гора.