Александар Ристевски (Брера Струмица): Мора да се оди на победа против Гостивар!

121

Тимот на Брера Струмица веќе пет кола не знае што е победа. По оние почетни четири од четири, струмичани никако да победат, да го освојат целиот плен. Кризата е евидентна, но тие се надеваат дека на денешниот меч од 14 часот, на свој терен против Гостивар, во рамките на 10.коло, ќе успеат да дојдат до трите бода, конечно.

Александар Ристевски, дефанзивецот на струмичани истакнува:

“Овој натпревар за нас е многу важен. Според мене мора да се оди по трите бода, тоа сите добро го знаеме. Мора да има борба за секоја топка, да се остави срцето на терен, да бидеме максимално пожртвувани. Тоа го ветуваме на мечот со Гостивар, веруваме дека ќе славиме“ рече покрај другото Ристевски.

Во пресрет на денешниот меч, Брера Струмица се наоѓа на 5.местосо 14 бодови, додека Гостивар е во налет, одигра добро против Шкендија во минатото коло кога беше 2:2, но засега е претпоследен со само 7 бодови. Сега дека гостиварци ќе посакуваат во најмала рака да останат непоразени на ова гостување во Струмица.

ПретходноИбрахимовиќ: Го прашав Гвардиола дали имам голем нос, дали одам чудно…
СледноНа Мурињо му се заканува отказ, има уште една шанса