Енис Барди остана без тренер.Имено Ненад Бјелица, како што пишуваат медиумите во Турција, не е веќе стратег на Трабзонспор. Хрватот добил отказ и тоа по само шест месеци престој на клупата на некогашниот турски шампион.
Бјелица во изминатиот период, како тренер го водеше тимот на Трабзон на 16 средби и на нив имаше биланс од 8 победи и исто толку порази.