Иако целиот фудбалски свет денеска во еден момент помисли дека следува нова, рутинска победа на тимот на Интер, сепак, тоа не се случи. Клубот од Милано на домашен терен одигра само 2:2 против Болоња и покрај фактот што имаше водство од 2:0 по само 13. минути.
Ачерби и Лаутаро погодија во радиус од три минути и се одеше кон тоа дека Интер ќе слави рутински. Сепак, тоа не само што не се случи туку противникот заигра далеку подобро, па со головите на Орсолини и Зирксе израмни на 2:2.
Интер своите шанси за повторно водство не ги искористи, па мораше да се задоволи само со бод.