Милан со минимална победа во Џенова, Мањан доби црвен картон па на голот застана Жиру (видео)

453

 

Со голот на Кристијан Пулишиќ во 88 минута екипата на Милан прокнижи три бода на гостувањето кај Џенова во меч од Серија А. Тоа беше тврд меч во кој „росонерите“ кои важеа за фаворити, се обидуваа да го скршат отпорот на противникот, а тоа му успеа на Пулилиш во финишот на мечот.

А во 90 минута голманот на Милан, Мајк Мањан направи груб прекршок надвор од шеснаесетникот откако „нокаутира“ двајца играчи на Џенова во обид да расчисти ситуација, а судијата му покажа црвен картон. На голот застана напаѓачот Оливие Жиру. Домашните имаа прекрасна шанса во седмата минута од судиското продолжение да изедначат, но од слободен удар ја погодија пречката. Жиру имаше истрча и интервенираше пред еден противнички играч со што ја сочува победата на својот тим.

Интересно, во 13. минута од судиското продолжение и голманот на Џенова, Мартинез доби црвен картон поради прекршок надвор од шеснаесетникот. Но веќе во следната акција судијата свирна крај.

Чуварот на мрежата на „росонерите“ ќе го пропушти идниот меч против Јувентус.

 

ПретходноРаботнички дома е друг тим: „Црвено-белите“ со цел плен од Битола
СледноСтоле и Рајо во судиското продолжение испуштија победа на „Санчез Писхуан“