Македонскиот интернационалец Александар Мишов го игра фудбалот на својата кариера. Денеска во рамките од новото коло во шампионатот на Грузија, за својот тим Самптредиа каде што тренер е нашиот Димитар Капинкоски, е остварен триумф над големиот фаворит, тимот на Динамо Тбилиси од 2:1.
Мишов денеска не само што погоди за 2:1, туку и асистираше за првиот гол. Откако се рпесели во овој клуб, нашиот интернационалец игра фантастично и веќе постигна четири гола.