Пелистер рутински, Мулти Есенс со прва победа!

75

Пелистер ја оправда фаворитската улога против Бутел Скопје, на домашен терен го совлада со убедлив 37-19 и дојде до четвртата победа во групата Б сезонава.

Гостите беа рамноправен противник само во воведните минути, по 5-5, домаќинот со мини серија од 3-0 дојде поведе со 8-5, имаше и 16-11, позитива со која замина на одморот (17-12). Во продолжение продолжи доминацијата на првакот, ги запиша двоцифрените 28-15 и до крај без проблем го приведе мечот во своја корист.

Костески беше стрелец на седум гола, додека Радивојевиќ на шест. На другата страна Спасовски имаше пет погодоци.

Мулти Есенс ја запиша првата поебда во дебитанската сезона, откако на домашен терен го доби дуелот со Прилеп, беше подобар со 31-30.

Ова беше доста изедначен меч, во кој водството се менуваше во текот на целиот меч, за тоа говори и резултатот на одморот (15-15). Сепак дебитантот во игра гол за гол, со три гола во низа дојде до водство од 22-19, кое го имаше и пред самиот крај (30-27). Прилепчани дојдоа на 30-29, но Јорданов постигна важен гол за својот тим за 31-29 за најава на триумфот.

Омерагиќ со девет гола беше прв стрелец, зад него беше Јорданов со седум. Во редовите на Прилеп Цветаноски постигна седум гола.

Во истата група, Пролет дојде до четвртата победа, откако го совлада Голден Арт со 23-25. Гостите беа подобар противник, добро знаеја како да ја добијат неизвесната завршница.

ПретходноЕмре Озбајер е новиот тренер на Гостивар!
СледноЛесно му е на Реал кога го има Белингам! (ВИДЕО)