ПМФЛ: Штипјани против Работнички сакаат прекинување на непријатната серија, Тиквеш на мегдан со Шкупи, “лавовите“ на гости кај Воска…

113

Денеска од 14 часот на програмата се четири меча од 10.коло во ПМФЛ. Утре играат Вардар – Шкендија и Струга ТЛ – Силекс.

Брегалница го дочекува Работнички, Брегалница посакува прекинување на непријатната серија која трае еве веќе месец и половина. Имено на последните четири средби тимот на Горан Здравков нема победа.

Пред денешниот дуел со квалитетнот состав на Работнички, токму Здравков има свој коментар:

“Работнички има искусен тим со квалитетни поединци. Меѓу нив се истакнува Влатко Стојановски. Ние сме должни да го израдуваме нашите фанови со добра игра и победа. Немаме никаков притисок, верувам дека публиката ќе биде задоволна од играта и резултатот“, посочи стратегот на Брегалница.

Интересно ќе биде во Кавадарци каде Тиквеш го дочекува Шкупи. Во Охрид домашниот состав на Воска го дочекува тимот на Македонија ЃП, а во Струмица домашната Брера се среќава со Гостивар.

 

ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Струмица: Брера Струмица – Гостивар

Охрид: Воска – Македонија ЃП

Кавадарци: Тиквеш – Шкупи

Штип: Брегалница – Работнички

НЕДЕЛА, 14 Ч

Скопје: Вардар – Шкендија

Струга: Струга ТЛ – Силекс

ТАБЕЛА

Шкендија 20, Шкупи 18, Силекс 16, Струга ТЛ (-1) 15, Брера 14, Тиквеш 13, Работнички 13, Македонија ЃП 13, Брегалница 10, Воска 7, Гостивар 7, Вардар (-1) 5 бода…

ПретходноТони Кукоч заврши во болница
СледноАнчелоти: Точно, Модриќ не е среќен поради минутажата, но никаде нема да оди!