ТФТ добитен против Чаир

63

На стартот на новото кошаркарско коло во домашниот шампионат, тимот на ТФТ Моцарт на свој терен успеа да слави над екипата на Чаир со конечни 77-66.

Домаќинот, во тесен и неизвесен меч, успеа да биде посконцентриран во клучните моменти од мечот, посебно во последната четвртина и заслужено ги освои потребните бодови. Најефикасен во победничкиот тим беше Симонс со 22 поена, а истиот учинок кај Чаир го имаше Американецот Диванте Мофит.

Ова воедно беше прв триумф на тимот на ТФТ во новиот шампионат. Денешната Саботна програма предвидува уште два натпревари. Од 18.часот, Охрид е домаќин на Академија ФМП, а ќе биде затворена со извесно, дерби дуелот на вториот круг. Од 20.30 часот, во Битола, Пелистер го дочекува Работнички.

Во недела во салата „Јасмин“ во Кавадарци, ќе играат Еуро Никел 2005 и Кожув (18. часот), а колото ќе го заокружи дуелот Феникс 2010 – Вардар, кој се игра во понеделник, од 18. часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

ПретходноТотенхем со играч помалку до триумф кај Лутон
СледноПМФЛ: Роналдо го израдува Штип, Гостивар со триумф среде Струмица, Тиквеш ја прекина серијата на Шкупи, Воска ги совлада “лавовите“! (ВИДЕО)