Халанд: Го напуштам своето тело и станувам зомби!

578

Ерлинг Халанд даде големо интервју за The Telegraph. Во него, покрај останатите работи, себе се опиша како „зомби“, обидувајќи се да ги објасни своите напаѓачки навики.

„Можам да се спуштам и да ја допрам топката неколку пати. Но, наместо тоа, стојам во нападот и влегувам во сопствениот свет. Тешко е да се објасни. Го напуштам своето тело и станувам зомби.

Гледам околу себе, чекам шанса. А кога ќе дојде, знам дека морам да бидам подготвен, дали ме разбираш? Учествувам во играта, но всушност скренирам. Ја чекам шансата, размислувам што може да се случи ако топката оди во една или друга насока. Кога моите соиграчи градат напад од одбрана знам дека не мора да учествувам. Јас го чекам вистинскиот момент“, изјави Халанд.

Халанд одигра 11 мечеви оваа сезона и постигна осум гола и даде две асистенции за Манчестер Сити. Тој минатото лето дојде во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, а во првата сезона постигна 52 голови на 53 натпревари. Неговиот договор е со важност до летото 2027. Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 180 милиони евра.

ПретходноТрајковски e најдобро рангиран атлетичар во Македонија за 2023 година
СледноИбрахимовиќ: Го прашав Гвардиола дали имам голем нос, дали одам чудно…