Јувентус бара замена за Погба, гледа кон Лондон

166

Пол Погба е во големи проблеми, па Јувентус би требало да го раскине договорот со францускиот играч за врска откако тој по вторпат падна на допинг тестот.

Погба го чека пауза, се шпекулира дека би можел да ја заврши кариерата, а Јувентус мора да мисли на себе бидејќи и онака има доволно проблеми.

Сега се бара замена за Погба и извесно е дека тој ќе пристигне во јануарскиот преоден рок.

„Газета дело спорт“ пишува дека Јуве го сака Пјер-Емил Хојбјерг од Тотенхем.

Данецот не е во преден план со новиот менаџер Ангелос Постекоглу, има многу мала минутажа оваа сезона и трансфер во Торино е многу реален.

Но се ќе се знае во јануари…

ПретходноАлберт Диене (Шкупи): Респект за Тиквеш, но ние сакаме нова победа!
СледноГРК Охрид по скалпот на Тиквеш во дербито на колото