Џирона и натаму го живее лидерскиот сон, гостински триумф кај Кадиз

84

Екипата на Џирона сензационално и натаму е лидер во Примера откако попладнево со 0:1 славеше кај тимот на Кадис. Малиот клуб фантастично ја стартува сезоната и веќе има собрано 22 бода од девет мечеви.

Откако во првото полувреме домашните останаа со играч помалку поради црвениот картон на Маркис, по еден час игра Гарсиа погоди за 0:1.

Иако домашните имаа некои ситуации да израмнат, сепак, тоа не се случи, па Џирона ги однесе сите три бода од ова тешко гостување.

Џирона рековме веќе е лидер и по ова коло, додека пак Кадиз има девет бода и е 12. на табелата.

 

ПретходноПМФЛ: Роналдо го израдува Штип, Гостивар со триумф среде Струмица, Тиквеш ја прекина серијата на Шкупи, Воска ги совлада “лавовите“! (ВИДЕО)
СледноНевиден кикс на Ставрев: Ова е крајот! Пеналот за Воска е криминал за во затвор!!! (ВИДЕО)