Атлетико Мадрид го победи Реал Сосиедад со 2:1 во меч од шпанската Ла Лига, а „јорганџиите“ дојдоа до триумф во финишот со гол на Гризман од пенал. Тој погодок ги налути гостите кои се убедени дека заслужија да не загубат и дека тој пенал е спорен.
Имено Гризман шутираше по земја, а топката погоди играч на Сосиедад кој лежеше на тревата по што судијата покажа на белата точка. Гризман погоди и донесе победа.
„Судијата ми кажа дека топката го погодила Карлос Фернандез во рака. Му реков зарем се свири ова. Му посочив дека играчот е завртен со грб, без да знае каде е топката. Тоа се реакции (од ВАР) кои не им помагаат на судиите и потоа се случуваат вакви работи. Не ми е јасно. Во нашиот шеснаесетник лесно свирна пенал, а не се осмели кога бевме на другиот крај“, изјави Микел Ојарзабал, најдобриот играч на Сосиедад ризикувајќи да добие казна поради оваа изјава.
This was a penalty for Atletico Madrid. A penalty in the 89th minute to win them the game.😂 pic.twitter.com/zcfLKV18j5
— Sara🍁 (@sara_2437) October 8, 2023
Oyarzabal no se muerde la lengua tras el arbitraje contra el Atlético de Madrid 🤐pic.twitter.com/B6EKJPHLsL
— Black (@BlxckNews) October 8, 2023