Попладнево од 14 часот на програмата се натпреварите од 8.коло во ВМФЛ. Нема дерби, фаворитите се во очекување на лесни победи. Сепак ова е фудбал и можни се изненадувања и сензации. Пелистер во Битола игра со Скопје, тим кој што разочара во досегашниот дел од сезоната.
Беса игра дома си Вардар (Н) и се освен победа и три бода за лидерот би била невидена сензација. Тетекс е во налет, игра дома со Караорман и секако дека посакува победа.
Кожув му гостува на Башкими, овој меч се игра во Г. Речица поради казната на кумановци, а Детонит ќе се обиде кај Победа да дојде до триумф. Прилепчани на клупата ќе го имаат новиот тренер Јане Николоски.
ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Охрид – Арсими
Пелистер – Скопје
Беса – Вардар (Н)
Тетекс – Караорман
Башкими – Кожув
Победа – Детонит
Беласица – Новаци
ВЧЕРА:
Осогово – Саса 1:1
ТАБЕЛА
Беса 18, Пелистер 16, Детонит 16, Кожув 15, Охрид 13, Тетекс 12, Новаци 10, Башкими 10, Арсими 9, Беласица 9, Победа 8, Скопје 7, Осогово 7, Вардар (Н) 6, Саса 6, Караорман 3 бодови…