Кенискиот маратонец Келвин Киптум (23) е победник на маратонот во Чикаго на кој успеа да го собори и светскиот рекорд. Тој популарната делница од 42 километри ја истрча за рекордно време од 2:00,35 часа. На улиците на „Градот на ветровите“, Киптум за повеќе од 30 секунди го собори светскиот рекорд кој беше сопственост на неговиот сонародник Елиуд Кипчоге.
Киптум за првпат го покажа својот потенцијал минатата година во Валенсија, каде стана трет најбрз тркач на оваа делница со време од 2:01:53. Годинава во Лондон истрча 2:01:25, што беше само 16 секунди побавно од светскиот рекорд на неговиот сонародник Кипчоге, кој со години важи за најдобар светски маратонец.Интересно е тоа што ова е прв светски рекорд во маратон кој не е поставен во Берлин во последните 21 година.
Второто место го зазеде неговиот сонародник Бенсон Кипруто со заостанување од 3:27 минути, а трет беше Белгиецот Башир Абди на кој му требаше половина минута повеќе. Во женската дисциплина победи Холанѓанката Сифан Хасан која го постави второто најбрзо време во историјата со време од 2:13:44 минути.
WORLD RECORD: We have a new man in town. Kelvin Kiptum just broke Eliud Kipchoge’s World Record with an unofficial time of 2:00:35! UNBELIEVABLE! pic.twitter.com/XfeMEzPveZ
— Chicago Marathon (@ChiMarathon) October 8, 2023