Алегри: Мора да работиме на многу елементи

72

Екипата на Јувентус синоќа го доби гратското дерби против Торино со 2:0 и влезе во самиов врв на табелата во Серија А. Јуве е четири бода зад лидерот Милан што е одличен податок за фановите.

„Нашата цел е секогаш да бидеме меѓу првите четири, но тоа не не спречува да сонуваме за нешто повеќе, бидејќи ова е Јувентус и нормално е Јувентус да победува. Сега ќе одмориме, а потоа ни претстои пресметка со Милан. Мора да работиме на многу елементи. Денеска добро се браневме, но нашата контрола на топката треба да се подобри. Имаме ентузијазам, важно е стадионот секогаш да биде полн, како што е денес. Тоа ни дава дополнителен поттик“, изјави Алегри по натпреварот.

 

ПретходноВо бомбардирањето во Израел загина поранешен фудбалер
СледноРекордерот Гираси: Неверојатно достигнување, но сакам да се подобрам и да дадам уште повеќе