Баер Леверкузен и на 10-тиот меч е непоразен – најдобра серија уште од 1995 година

77

Екипата на Баер Леверкузен го совлада Келн со 3:0 и ја продолжи фантастичната серија на добри резултати сезонава во Бундес лигата и во европските купови. За „Фармацевите“ предводени од Шпанецот Чаби Алонсо тоа е десетти натпревар без пораз како во првенството, така и во Лига Европа и германскиот Куп.

Всушност Баер од стартот на сезоната, па до сега има девет победи и едно реми она со Баерн во септември во Минхен (2:2) во Бундес лигата. Тоа е нивен најдобар старт уште од сезоната 1995/96 кога предводени од Ерик Рибек првиот пораз го доживеаја во 15-тиот меч (тогаш против Баерн со 0:1).

Денеска во листата на стрелци се впишаа Хофман, Фримпонг во првото полувреме и Бонифасе во второто полувреме.

ПретходноЦСКА и Рајковиќ славеа во дербито во Санкт Петербург
СледноМечот во Монпеље не се доигра – Голманот на Клермон во болница откако беше повреден од петарда