Вангел Згуро (Струга ТЛ): Против Силекс да покажеме зошто сме шампиони!

98

Попладнево во Струга, со почеток од 14 часот на Градскиот стадион, Струга ТЛ го дочекува тимот на Силекс. Ова е меч од 10.коло. Натпревар кој и тоа како е важен за стружани, посебно ако се знае дека тие на последните две гостувања против Шкупи и Шкендија претрпеа порази.

Па така пред момците на стратегот Шпетим Дуро, императивот е победа и само победа.

Интернационалецот од Албанија, Вангел Згуро, во пресрет на овој натпревар против Силекс има свое видување:

“Против Силекс ќе се обидеме да дојдеме до трите бода, да покажеме зошто сме шампиони. Да не заборавиме дека ние имаме и меч помалку,оној со Вардар кој допрва треба да го одиграме. Па затоа со победа пак ќе бидеме горе на табелата.Максимално сме фокусирани и верувам дека ќе ги освоиме трите бода.Сакам да ги повикам струшките навивачи и денеска да дојдат и да ни јададат поддршката, како што тоа секогаш го прават, а ние тоа знаеме да го почитуваме“ изјави левиот офанзивен бек на Струга ТЛ.

ПретходноРеакцијата на Тен Хег по вториот гол доволно говори за атмосферата во Јунајтед (ВИДЕО)
СледноФудбалер на Арсенал јавно го поддржа Израел, реакцијата на навивачите го шокираше