Верстапен со нова победа во Катар ја потврди титулата во Ф1

95

Новиот (стар) шампион во Формула 1, Макс Верстапен, триумфираше и на трката за Големата награда на Катар, која беше 17-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Холанѓанецот, кој вчера ја обезбеди третата шампионска титула, патеката „Лосаил“ ја мина со најдобро време за 14-та победа сезонава и 49-та во кариерата. Второто место на подиумот му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, кој заостана пет секунди, додека Ландо Норис беше на третото скалило на подиумот со заостанувањ од секунда зад Пјастри.

Покрај апсолутната доминација на Верстапен, втората трка во историјата на патеката „Лосаил“ ја одбележа и инцидент на самиот старт, меѓу возачите на Мерцедес. Луис Хамилтон започна напад врз Џорџ Расел и Верстапен, но имаше контакт по што седумкратниот светски шампион беше исфрлен од трката.

Во генералниот пласман Верстапен има 433 бодови, а го следат Перез со 225 и Хамилтон со 194. Формула 1 продолжува со Големата награда на Соединетите Американски Држави во Остин на 22 октомври.

ПретходноМилан Ристовски со прв сезонски гол за победа на Спартак Трнава
СледноКај кошаркарките без изненадувања: Фаворитите без проблеми до победи во стартното коло