Вецлар дојде до втората победа оваа сезона во Бундес-лигата. Тимот каде во стручниот штаб е Филип Миркуловски славеше против екс-клубот на Филип Кузмановски, Хановер со 30-33 на гостински терен.
Ова е уште една голема победа за Вецлар по онаа над Кил во Купот.
Македонскиот репрезентативец не успеа да се запише во листата на стрелци, имаше еден неуспешен обид.
Вецлар успеа да се врати од негатива од четири гола на одморот (18-14). Кон средината на второто полувреме фати ритам, дојде на позитива од четири гола која на крајот се покажа како доволна за да се освојат големи бодови.
Тимот на македонскиот репрезентативен тандем се наоѓа над опасната зона.