ВМФЛ: Лидерот убедлив, голем кикс на Пелистер, Тетекс само до бод со Караорман, Николоски со Победа го урна Детонит!

1419

 

Се комплетира 8.коло во ВМФЛ со  седумте попладневи мечеви во ВМФЛ. Лидерот Беса, како што и се очекуваше немаше никакви проблеми против тимот на Вардар (Н) и успеа да слави со 4:1. Со овие три бода сега тимот од Добри Дол уште повеќе се зацврсти на табелата на првото место, посебно ако се знае дека Пелистер одново со голем кикс, имено битолчани дома одиграа само 0:0 со Скопје.

Тетекс не успеа да го победи Караорман и тоа на свој терен, овој меч зварши 1:1, а Победа поредводена од новиот тренер Јане Николоски со 2:0 успеа да го победи фаворизираниот Детонит.

Охрид го победи Арсими со 1:0 и сега се најде на 4.место на табелата во битката за највисок пласман. Изненадувачки Башкими во Г. Речица со 2:0 славеше против Кожув. Беласица го победи Новаци со 3:1 а вчера Осогово и Саса одиграа 1:1.

 

РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО

Башкими –Кожув 2:0

Беласица – Новаци 3:1

Беса – Вардар (Н) 4:1
Охрид – Арсими
1:0

Пелистер – Скопје 0:0

Победа – Детонит 2:0

Тетекс – Караорман 1:1

ВЧЕРА: Осогово – Саса 1:1

ТАБЕЛА

Беса 21, Пелистер 17, Детонит 16, Охрид 16,  Кожув 15, Тетекс 13…бодови

ПретходноПМФЛ: Максимов со голчиште, Шкендија го “расплака“ добриот Вардар, Радески сам го победи Силекс!
СледноСпектакуларна кореографија на “Комитите“: “Клубов – љубов моја ми го зема умов“! (ФОТО)