Ивановски со победа стартуваше во квалификациите во Братислава

86

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа во квалификациите го почна настапот на Челинџер 125 турнирот што се игра во Братислава, Словачка за награден фонд од 145.000 евра. Тој во првиот меч го совлада домашниот тенисер Петер Над (настапи со вајлд карта) со 2-1 во сетови (6:7 (7-9), 6:2, 6:0) и уште еднаш успеа да направи пресврт во меч и да го заврши со победа.

Утре во финалето од квалификациите Ивановски ќе игра со победникот на Macedonian Open, Унгарецот Мате Валкуж (25 години, 214 АТП), кој денеска во квалификациите го совлада Михал Крајчи од Словачка со 2-0 во сетови (6:3, 6:4).

ПретходноКениецот прв во Чикаго: Киптум е нов светски рекордер во маратон!
СледноРуни го напушти Ди Си Јунајтед откако не успеа да го внесе во плеј-офот